Кралски изглед на денот: Викторија од Шведска со престилка

42-годишната наследничка на престолот, принцезата Викторија, го посети градот Хеганес во јужна Шведска каде неколку дена беше гостин на компанијата за иновации „Волинг“, која меѓу другото, се занимава со обука на идните занаетчии. По пристигнувањето, таа веднаш се фатила за работа, со престилка.

View this post on Instagram

On Wednesday, January 29, Crown Princess Victoria and Prince Daniel visited Höganäs Municipality to get information on how the municipality and local business players are working to create favorable conditions for the local enterprise. The Crown Princess couple started the day with a visit to the company Välinge innovation, which manufactures products for the flooring and furniture industry. The company was founded in 1993 and today has over 2,000 patents granted, including in technology that makes it possible to mechanically install floors without using adhesives. Välinge innovation has a large research facility that is related to laminate-, wood- and powder-based flooring technology.💡✨ • 📸: @Kungahuset & Svensk Damtidning #CrownPrincessVictoriaOfSweden #CrownPrincessVictoria#KronprinsessanVictoria #PrinceDanielOfSweden#PrinceDaniel #SwedishRoyalFamily#SwedishRoyals #BernadotteFamiljen#Bernadotte

A post shared by Swedish Royal Family (@swedish.royal) on

Благодарение на престилката, принцезата Викторија ја сочува неизвалкана беж-блузата, која ја носеше во комбинација со кариран костум од Acne Studios, чизмички Ralph Lauren, чанта Little Liffner  и обетки од CravingforJewellery.

Но, малку подоцна Викторија се трансформираше во вистинска принцеза со изборот на облека – за вечерата со средношколците, а во друштво на принцот Даниел.  

За оваа пригода таа одбра впечатливо зелено здолниште со миди должина, црна елегантна кошула со нагласени ракави, црни салонки и плик-чантичка. 

x

Check Also

Принцот Чарлс го помина коронавирусот со благи симптоми, ѝ се обрати на јавноста

Принцот Чарлс зборува за прв пат по излегувањето од самоизолација. 71-годишниот наследник ...