Кралскиот изглед на денот: Фустанот на Софија од Шведска сличен на оној на Меган Маркл

На годишните шведски награди за спорт, сопругата на принцот Карл Филип од Шведска, Софија, носеше смарагдно зелен фустан со затворено деколте, кој многу личи на фустанот што го носеше Меган Маркл за нејзиниот свадбен прием во мај 2018 година.

Карл Филип од Шведска (40) и Софија Хелквист (34) не се познати како Хари и Меган, но сепак, да не беа дел од кралското семејство на Шведска, би можеле да бидат актери, бидејќи се многу убави. Карл Филип е брат на Викторија од Шведска, наследничка на сегашниот трон, а Софија во минатото била модел и актерка во подем. Таа има истенчен вкус за модата и не е случајно што честопати се споредува со Меган Маркл.

На настанот Swedish Sports Award во Ериксон Глоуб арената во Стокхолм, Софија се појави во прекрасен зелен макси фустан кој претходно го носела и за друга прилика. Додека на Меган Маркл фустанот кој налискува на овој кој сега го носела Софија, бил од Стела Мекартни, зелениот фустан е од брендот Ида Ланто, дизајнерка од Шведска.

x

Check Also

Опра Винфри донираше 10 милиони долари за сиромашните и гладните

Славната водителка Опра Винфри објави дека донира 10 милиони долари за да ...