Кралскиот изглед на денот: Каролина од Монако, во рок стил со кожена јакна

Неодамна, на ревијата на Шанел за колекцијата пролет/ лето 2020. во Париз, принцезата Каролина од Монако присуствуваше со нејзината ќерка Александра. Принцезата се претстави во апсолутно рок изглед: со тенка и мека кожена јакна.

64-годишната принцеза од Монако секогаш имала чувство за стил.. Не напразно, дизајнерот Лоренцо Серафини за својата популарна марка Филозофи, за колекцијата за сезоната пролет/лето 2020, се инспирирал токму од нејзиниот стил. Во 1980-тите таа и сестра ѝ, Стефани од Монако, беа слика на она што тогаш се нарекуваше џет-сет. После разводот од нејзиниот трет сопруг, Ернест Август од Хановер, Каролина престана да се појавува во јавност, освен на официјалните прилики во кнежеството Монако.

Кожената јакна е создадена во 1913 година од браќата Скот и тоа за моторциклисти, но во следните децении јакната станува се популарна. Таа низ годините стануваше стандард за сè, за велосипедисти и хипстери, за панкери и за „металци“. Марлон Брандо и Џејмс Дин легендарно ја претставија кожената јакна. Во раните 80-ти, Оливија Њутн Џон, ја носеше во Брилијантин, а Брус Спрингстин ја направи суперактуелна.

Каролина од Монако пак, на ревијата на Шанел, ја носеше црната кратка кожена јакна во комбинација со бисерен ѓердан, кафено миди здолниште и црни високи чизми. И изгледаше многу шик.

 

x

Check Also

Шерон Стоун ги советува фановите како да останат безбедни во своите домови (ВИДЕО)

Од актерка до советник за лична безбедност – Шерон Стоун (62) на ...