Кралски изглед на денот: Летиција од Шпанија со нискобуџетен комбинезон од Манго

Екс-новинарката, кралицата Летиција од Шпанија, е фотографирана во друштво на нејзиниот сопруг, облечена во комбинезон со црно-бел принт. Цената на овој комбинезон е 39,90 евра.

Кралицата избира и понатаму да носи облека и чевли направени во Шпанија за промовирање на национални брендови. Сите модни прачиња што ги носи достапни се во продажба и тоа по ниска цена. Комбинезонот кој го носи кралицата е од шпанската модна марка Манго.

Кралицата го заокружи модниот изглед со еспадрили на полна потпетица од марката Mint&Rose и чанта од Massimo Dutti.

x

Check Also

Работи кои најчесто забораваме да ги земеме на годишен одмор

Истражувањата покажуваат дека дури 40 отсто од луѓето кога се пакуваат за ...