Кралскиот изглед на денот: Мари од Данска и долчевита стилот

Сопругата на принцот Јоаким од Данска, ја отвори париската изложба насловена „Les Contes Étranges de NH Jacobsen, un Danois à Paris“, во музејот Бурдел, облечена во дневна „интелектуална“ и шик модна комбианција.

Може да се изгледа шик и во долчевита од кашмир додека се присуствува на важен уметнички настан во Париз. Мари од Данска, 43 години, токму тоа го покажа.

За оваа пригода, Мари се одлучи – наместо за црн – за темнозелен изглед, баш онака како што рпепорачуваат експертите од Пантоне (темнозелената нијанса во 2020 треба да ја замени црната). Изгледот е заокружен со чевли инспирирани од 70. години.

x

Check Also

Кралски изглед на денот: Меган Маркл во спортски стил и шик бела јакна

Поранешната актерка, 39, се појави на „Зум“ една година по лансирањето на ...