Кралскиот изглед на денот: Викторија од Шведска во цветен фустан сличен на оној на нејзината ќерка

Наследничката на престолот сакаше да се прикаже во розово светло за да ги охрабри своите сограѓани да се справат со пандемијата на коронавирусот.

На фотографијата направена во домашна атмосфера, принцезата Викторија позира со нејзиниот сопруг, принцот Даниел и двете ќерки, Естел (8) и Оскар (4). И овие дечиња, како сите европски деца, се во изолација од страв од зараза.

Снимката е направена со „розова“ позадина, како да порачува „гледајте позитивно“ дури и сега.

 

Фотографијата испраќа порака на надеж. Направена е од фотографката Ана-Лена Ахлстром, која е авторка на низа фотографии на шведското кралско семејство.

Викторија и нејзината ќерка Естел се издвојуваат по изборот на фустани со цветни принтови во бохо-шик стил, кои се всушнот едни од водечките трендови за сезоната пролет/лето 2020.

x

Check Also

Кралски изглед на денот: Меган Маркл во спортски стил и шик бела јакна

Поранешната актерка, 39, се појави на „Зум“ една година по лансирањето на ...