Кралското семејство и правилата за јадење на маса

Дури и на масата, кралицата Елизабета воведе правила за Кралското семејство: еве какви се правилата и како треба да се однесуваат членовите на кралското семејство кога јадат.

Собирањето околу масата речиси може да се нарече официјален настан за Кралското семејство, а освен членовите на кралското семејство, можат да бидат присутни и други гости. Добро знаеме колку е прецизна кралицата Елизабета кога станува збор за нејзиното семејство, поради што таа наметна многу правила и за облекувањето и за однесувањето. Очигледно, не можеа да изостанат ниту правилата на масата.

Правила на масата

– Никој не смее да стане од масата ако кралицата Елизабета е сè уште покрај масата. Не е важно дали тие завршиле со јадењето, ако кралицата сè уште ужива во десерт, невозможно е да ја напуштите трпезата.

– За менито одлучува кралицата. Нејзините келнери ѝ нудат мени секој ден и врз основа на нејзините најлични вкусови, таа одлучува што да смени или додаде. Никогаш нема да има јадења со лук, бидејќи кралицата го мрази лукот!

– „Не“ за остриги или школки. Покрај лукот, кралското семејство не може да јаде школки и остриги од специфична причина: за да останат здрави. Всушност, овие намирници би можеле да бидат штетни и да предизвикаат заболувања.

– Не за месото … од одреден вид. Некои видови месо се забранети од кралското семејство, особено сировото меси и месото зготвено со крв.

– Забранета е водата од чешма. Во кралските резиденции е апсолутно забрането да се пие вода од чешма.

– Секој има свое место на трпезата. Постои протокол што треба да се следи во однос на седиштата. Всушност, Office of the Marshal of the Court, одлучува како ќе седи целото семејство.

– Комуникација со персоналот на посебен јазик. Не станува збор за некој чуден или измислен јазик, туку со таканаречен јазик на позиционирање, на пример, со поместување на ножот и вилушката, се информира келнерот дека може да ја земе чинијата.  Кралицата очигледно се издвојува од ова правило, и за да стане јасно дека завршила со јадењето, ја става чантата на масата.

– Устата не може да се избрише со отворена салфетка. Салфетката секако служи за бришење на устата, но во овој случај никогаш не треба да се отвори цела, туку само до половина. Ова овозможува да се покаже чист дел од салфетка на оние околу масата.

– Нема тестенини за вечера. Бидејќи се смета дека пред спиење треба да се јадат што помалку јагленохидрати. Но и поради тоа што шпагетите е речиси невозможно да се јадат без бучава.

x

Check Also

Кралски изглед на денот: Максима од Холандија во црвена модна комбинација од глава до пети

49-годишната кралица присуствуваше на настан во Утрехт облечена во тотален изглед во ...