Кратка историја на полка точките: од знаци за болест до симболи на женственост

Полка точките биле модерни уште пред да станат хит на бикините на раскошните девојки од 50-те години.

tocki 22

Во средновековна Европа, кога украсената облека и жакардот беа ткаенини за богати и благороднички семејства, на полка точките се гледало како на нешто што не било добредојдено во семејствата. Асоцијацијата за нив била  болести, тие биле лоши знаци поврзани со северието дека точките носат епидемија на лепра и чума.

Но далеку од западните култури, точките на облеката биле добри симболи, и најчесто го симболизирале сонцето. Во централна Африка пак, тие биле симболи на природата, а фустаните со полка точки биле широко прифатени меѓу жените, како народна облека.

Кога модата во Европа стана повеќе средство за самоизразување, особено резервирана за богатите, почнуваат да се прифаќаат и иновации на ткаенините и нови модели кои пристигнвале на западот благодарение на трговските врски со Далечниот Исток. Принт- материјалите станаа се повеќе популарни. Така, полка точките на облеката се појавуваат во средината на 19 век. Во тој период Франција и Германија, почнуваат дури и сами да произведуваат ткаенини со полка точки.

Мадам де Помпадур

Мадам де Помпадур

Облеката со принт од полка точки полека се симнува и меѓу пониските класи кои веќе бараат нешто „поинтересно“ да облечат. Од 1865 година, полка точките стануваат широко прифатени и меѓу сиромашните, кога и го добиваат името „полка“ по еден  танц карактеристичен за земјите од источна Европа.

полка точките се среќаваат и во облеката на шпанските танчерки

полка точките се среќаваат и во облеката на шпанските танчерки

Распростарнувањето на полка точките низ светот зема замав во 20-те и 30-те години благодарение на мисицата на Америка Норма Смолвуд која ја освојува круната во 1929 година облечена во костим за капење со полка точки. Во 30-те години овие точки го доживуваат својот бум – црните точки на бела ткаенина или обратно, белите на црна, стануваат „маст хев“ за летните месеци.

Норма Смолвуд

Норма Смолвуд

Дури и Мини Маус, во 1928 година, беше облечена во сукњичка со полка точки.

tocka 7

Кога полка точките станаа дел од секојдневната мода, Мерлин Монро повеќе пати се појави во фустани со полка-принт.

tocka 6

 

Бумот на полка точките беше инспирација за песната од 1960 година, „Итси, Битси, тини вини, јелоу полка дот бикини“ која долго се задржи на 1-то место на музичките листи.

Во 50-те и 60-те години полка точките стануваат инспирација и за големите модни дизајнери. Кристијан Диор ќе им посвети големо место во неговите креации, а Одри Хепберн ќе ги „облече“ во Појадок кај Тифани.

tocka 5

По куса пауза од модната сцена, во 80-те и 90-те години, модата на полка точки се враќа. Џулија Робертс е меѓу другите заслужна за тоа, благодарение на фустанот кој го носи во филмскиот хит Убава жена.

tocka 2

И еве ги повторно. Фустаните, сукњите, кошулите, панталоните со принт на пола точки се вратија за сезоната пролет/лето 2015. Овојпат за модното лудило „полка точки“ најзаслужни се, без сомнение, Долче и Габана.

Дајана и Кејт Мидлтон

Дајана и Кејт Мидлтон

x

Check Also

Објавена новата сликовница од Ване Костуранов, „Девојчето и градот“, во издание на „Арс Ламина“

Новата книга за деца од познатиот македонски илустратор и уметник Ване Костуранов, ...