Кратка коса: 6 трендовски фризури за пролет/лето 2018

Да одберете кратко фризурче за потоплите денови е најдобрата одлука која може да ја направите. Кусата коса може да биде многу забавна за „носење“, го отвора лицето, подмладува и секако ве спасува од горештините за разлика од долгата коса. А топлите денови се и совршен период за експериментирање со фризурите.

Моделот Тира Бенкс со куса пикси фризура

Па, доколку размислувате и вие во оваа насока, погледнете какви се трендовите на кратка коса за пролет/лето 2018.

Префрлена наназад 

Подигната во предниот дел, односно кај шиките, и префрлена наназад, за стилизирање можен е и влажен изглед, оваа фризура сигурно ќе ви го издолжи лицето и ќе ви одземе барем 10 години од возраста. Ваков тип на фризура одлично „оди“ со трендовските предимензионирани обетки.

Во бранови како растурена плетенка

Трајна фризура која е премногу практична и лесна за обликување, а секако дека ќе ја носите барем 3 месеци. Многу женствено се надополнува со лелеава лесна гардероба и романтични фустанчиња. Сепак, резревирана е само за оние кои имаат густа коса.

Кадрава и неуредна

За оние кои природно имаат кадрава коса, ова би била идеалната фризура за пролет/лето. И многу е забавна. Инаку, познато е дека кадравата коса е малку потешка за одржување особено во текот на летото, па затоа кратењето на косата може да биде одличен избор. Фризурата гарантира заводнички изглед, а особено е прикладна за жени со силни црти на лицето. Одлично се надополнува со едноставни парчиња гардероба, ленени фустанчиња и кошули, фармерки и комбинезонки.

Асиметрична и нагласена

Оваа фризура е наменета за бунтовни жени. Секој ќе забележи колку е уникатна вашата фризура, особено ако одберете нагласена боја на косата. Убаво прилега со темна гардероба и нагласена шминка. Црната кожена гардероба во комбинација со кратка темна коса е совршена за заводлива вечер.

Пастелни нијанси

Популарната „сирена“ нијанса на косата особено е прикладна за жени со светол тен и нежна кожа. Стајлирањето на вашата кратка коса потстрижана на овој начин може да биде многу забавно, бидејќи нема правила како да ја наместите. Креирајте слатки летни кадрици или затегнете една страна од косата зад увото. Оваа фризура одлично ја надополнува гардеробата во силни бои. Но доколку со ваква фризура се појавите носејќи бел фустан – ќе оставите впечаток на лице од бајките.

Со нагласени шишки

Совршена фризура за жените со поголеми чела. За да го заокружите модниот изглед, со оваа фризура носете темни и мистични парчиња гардероба. За да ја наместите идеално фризурата – прво, четкајте ја косата нанапред, па ставете малку лак, и дури потоа наместете ги шишките. Одговара со темна шминка.

x

Check Also

Кара Делевињ ги претставува новите кармини на Dior

Супермоделката Кара Делевињ е ѕвезда во новата кампања за кармини Dior Addict Stellar ...