„Крава“ принтот е хит, го носат и Дуа Липа и Кајли Џенер

Чевлите од марката Џанвито Роси, со висока потпетица и впечатлив „крава“ принт, кој ги носеше војвотката од Сасекс, беа само најава за хит принтот кој ќе не следи во претстојната сезона.

Маноло Бланик, пролет 2019

Викторија Бекам, исто така, за Инстаграм позираше во фустан со популарниот принт, а во својата нова колекција вклучи модни парчиња со „крава“ принт како хит на колекцијата пролет 2019.

Кајли Џенер

На славната група поддржувачи на интересниот принт, сега се придружија уште две ѕвезди, топ моделот Кајли Џенер и пејачката Дуа Липа.

Кајли на својот Инстаграм профил постираше фотографија на која позира во елегантен костим за капење со „крава“ принт, додека Липа се пофали со новите, таканаречени, „му“ чизми од новата колекција на Маноло Бланик.

Дуа Липа

 

x

Check Also

Топ 4 комбинезони од летната колекција на Massimo Dutti

Ги сакаме комбинезоните зашто со нив не размислуваме многу со што ќе ...