Данам со партнерот - гитаристот Џек Антоноф

Креација која тешко се замислува, камоли да се скрои, па уште и да се облече

Глумицата Лина Данам, позната и како авторка на популарната ТВ-серија Девојки, на доделувањето на Еми наградите се појави во креација на Џамбатиста Вали. Кој знае на што мислел креаторот кога го создавал ова ремек-дело.

ld1

Речиси во секое интервју глумицата Лина Данам знае да нагласи дека обожава фустани и здолништа, а е против панталоните. И очекувано, на црвениот ќилим се појави во нејзината омилена облека – здолниште.

Разбираме дека омбре-стилот е во мода, може да разбереме и дека креаторот Џамбатиста Вали бил во чудна инспиративна состојба додека го смислувал делото, единствено што не можеме да разбереме е тоа како Данам се согласила баш на толкава модна авантура.

Можеби некакво објаснување се крие во реченицата која ја постирала на Твитер – „Ескпертски совет за убавина: подгответе се за Еми уживајќи во huevos rancheros (мексиканска кајгана со чили и грав) и дозволете и на вашата коса да се маринира во природните масла“.

На втор поглед, и нам ни заличува креацијата која ја носи Данам на едно huevos rancheros.

x

Check Also

Џеки Сталоне, познатата мајка на Силвестер, почина на 98 години, беше познат астролог

Акробатка, советнича на телефонска линија за психичко болни лица, и промоторка на ...