Креациите од H&M на црвениот тепих на Мет Гала

Шведскиот моден гигант Х&М дизајнираше повеќе креации кои ги носеа неколку познати глумици. топ модели и модни инфлуенсери на годинешната Мет Гала.

Алек Век

На хуманитарната забава која се одржа во Метрополитан музејот во Њујорк, брони ѕвезди носеа модели од Х&М. Меѓу нив, Оливија Мун, Џесмин Сандерс, Лили Реинхарт, Кирси Клемонс, Алек Век и Лука Сабата.

Одговорајќи на зададената модна тема – Модата и католичката имагинација, дизајнерите од Х&М претставија посебни дизајни во согласност со личноста која ги носеше.

„Дизајнирањето на овие Х&М комбинации за овогодинешниот Мет Гала бал, беше вистинска чест. Секој модел целосно е кроен по нарачка, со акцент на богатството на детали и современа интерпретација на гламурот на црвениот тепих. Сакавме да постигнеме секој наш претставник да се чувствува безгрижно и неоптоварено“, истакнува Ан Софи Јохансон, креативната советничка во Х&М.

„Ми се допаѓа како овој фустан ја пренесува темата на изложбата, на свеж и модерен начин. Толку е забавно да се носи!“, вели Оливија Мун, додека Алек Век додава:

„Извонредноста на овој фустан е постигната со рачна изработка и со везените украси. Соврешено се носи за ваква посебна вечер“.

Во фотогалеријата, погледнете ги сите креации од Х&М за ѕвездите на Мет Гала.

x

Check Also

Ангелите на Викторија сикрет вака ја најавија новата колекција

Victoria’s Secret лансираше жешка кампања најавувајќи ја новата колекција на долна облека ...