Крем супа од костени и моркови, и децата ќе ја сакаат!

Искористете ги сезонските плодови и дегустирајте ја здравата супа која се подготвува од костени и моркови.

За да ја подготвите оваа вкусна есенска крем супа потребно е – половина килограм костени, 5 моркови, половина праз, половина китка магдонос, слатка павлака, 30 грама путер, сол, бибер и 1 коцка за супа од зеленчук.

Подготовка:

Варете ги костените околу половина час, потоа излупете ги и извадете го сварениот плод со лажичка.

На тивок оган со путер динстајте ги претходно ситно исечканите праз, моркови и магдонос, додавајќи по малку вода. Додадете ја коцката супа од зеленчук и наросете сол и бибер.

Сите намирници заедно динстајте ги половина час. На крајот префрлете го во супата пирето од костени, измешајте и продолжете да варите уште пет минути.

Тргнете ја супата од оганот и по желба додадете павлака. Супата префрлете ја во блендер, измиксајте и потоа сервирајте ја.

Пред сервирањето може да ја украсите со краставичка и магдонос или со уште малку павлака.

x

Check Also

Карфиол во сос од кашкавал, превкусно!

Ако го сакате карфиолот, тогаш комбинацијата со растопен кашкавал мора да ја ...