Најдобар летен ручек е оној кој не треба да го пржите, варите, печете…Оваа кремаста супа од тиквички ќе ве освежи во жешките денови.

Потребни намирници (за 4 лица) – половина килограм тиквички, 1/2 главица кромид, 200 мл млеко, 100 грама свеж босилек, 1 чешне лук, 2 лажици исцеден сок од лимон, 2 лажици маслиново масло, малку лимонова кора (изрендана), сол и црн пипер.

Подготовка

Во блендер ставете ги исечканите тиквици и исечканиот кромид. Миксајте додека добиете глатка смеса. Во смесата полека додавајте го млекото, маслото, лимоновиот сок и листовите босилек. Посолите и наросите црн пипер, а на крајот додадете ја изренданата  кора од лимон.

Вака подготвената супа може да ја чувате во фрижидер пред да послужите.