Манекенката Лидија Костадиновска летово ќе го помине на плажа во Грција и шетајќи низ убавите улици на Италија.
„Ова лето едвај го чекам одморот поради големиот број на обврски на работа и постдипломските студии кои се во тек, меѓутоа истите тие обврски нема да ми дозволат подолго да се опуштам. Затоа би била задоволна доколку успеам да реализирам две пократки патувања со различна содржина, на плажа во Грција и прошетка по улиците на убавата Италија која со секое стапнување на нејзино тло ме воодушевува со убавините кои ги нуди исто како првиот пат“, вели манекенката Лидија.
За одмор ќе се спакува во еден огромен куфер.
„Претпоставувам како и сите девојки и јас некогаш пакувам повеќе работи за на крај да сфатам дека повеќето парчиња гардероба ги враќам дома воопшто необлечени. Кај мене тоа обично се случува со чевлите на виока потпетица и фустаните за вечерно излегување бидејќи на одмор секогаш претпочитам да носам лежерни парчиња гардероба во кои се чувствувам удобно на горештините“, објаснува таа.
Познатата манекенка не практикува солариум, вели дека никогаш не и се допаѓал тој вештачки начин на добивање боја:
„Од друга страна пак, на сонце пребрзо горам и затоа неразделен дел од мојот куфер се кремите со највисок заштитен фактор. Се сместувам на плажа во друштво на добра книга и одморот може да почне!“.