GJORA

Кревети IKEA: 10 модели за различни вкусови

Спалната соба треба да биде пријатен амбиент во кој можеме да се релаксираме и да се чувствуваме најмногу свои. Малку е да се каже дека креветот е тука главниот протагонист.

За да ја искажете својата личност дури и во спалната соба, Икеа ве запознава со различни солуции – различни дизајни на кревети кои одговараат на вашиот стил, вкус и карактер.

Минимализам

Серијата MALM е една од најпознатите во светот на IKEA. Креветот од оваа серија има чисти линии, а функционалноста се однесува на секоја спална соба, без разлика на големината. Дизајнот е минималистички, вклучувајќи го и дрвото во кафена или бела боја.

Malm

Традиционална соба

Ако барате нешто покласично, креветот SONGESAND секако ќе ви се допадне. Има традиционална форма, а со својот дизајн ќе додаде на вашата спална соба безвремен изглед.

SONGESAND

Романтичен

За оние со романтична душа е наменет дизајнот LEIRVIK, со своите декоративни мотиви во бела нијанса, во секоја соба ќе додаде атмосфера од соништата.

LEIRVIK

За мала спална

Ова е совршен дизајн за оние кои имаат малку простор во спалната соба. Креветот од серијата TRYSIL е токму тоа што го барате – лесен кревет.

TRYSIL

Елеганција

Вистинската елеганција е онаа која изгледа дека не бара никаков напор. Затоа, креветот HEMNES претставува истото тоа што во модата значи малиот црн фустан. Може да го одберете во црна или во бела боја.

HEMNES

Ефектно парче

Ако сакате креветот да е во фокусот на спалната, одберете го дизајнот GJÖRA. Едноставни линии, но ефектен модел.

GJORA

Свежина и практичност

Во структурата на креветот MANDAL доминираат модерното и природното кои се среќаваат во едноставни линии. Практичноста ја додаваат фиоките сместени под креветот.

MANDAL

Индустриски стил

Доколку го преферирате модерниот индустриски стил, изборот е  KOPARDAL, кревет кој всушност е дизајниран да одговори на сите вкусови.

KOPARDAL

Рустикален

Ако сакате да внесете дух од селото во градот, поточно во вашата спална соба, размислете за моделот TYSSEDAL, со традиционален дизајн.

TYSSEDAL

Основен модел

Економичен, практичен, удобен, едноставен – тоа што во модата се фармерките и белата памучна маичка, во светот на Икеа е креветот од серијата TARVA – „бејзик“ модно парче. Плени со својата едноставност и го искажува совршениот скандинавски стил.

TARVA

x

Check Also

Отворена е новата поставка на изложбата “Скопје, одново” во МСУ – Скопје

Од денеска, 14 октомври, посетителите на Музејот на современата уметност – Скопје ...