Кристен Стјуард и Стела Максвел повторно се заедно

29-годишната глумица Кристен Стјуард и супермоделот и ангел на Викторија сикрет, Стела Максвел (29), не ја кријат својата љубов. Двете убавици заедно летуваат во Амалфи, Италија.

Фотографиите направени на јахтата, на кои тие си разменуваат нежни прегратки и бакнежи, потврдуваат дека двете славни девојки повторно се заедно.

Инаку, Стела и Кристен беа две години во врска, но се разделија во ноември 2018. По прекинувањето на врската и двете беа поврзувани со други партнери. Сега пак, повторно се среќни заедно…

 

 

x

Check Also

Ангелите на Викторија сикрет вака ја најавија новата колекција

Victoria’s Secret лансираше жешка кампања најавувајќи ја новата колекција на долна облека ...