Кристи Тајген со линија на очила за сонце, сите по супер цена

Американскиот модел Кристи Тајген е позната по бројните фанови на Твитер кој постојано ги засмејува со шегите, но често знае да предизвика и лавина негативни коментари поради контроверзните твитови. Но, овојпат, Твитер одлично и послужи за промоција на линијата на очила насловена Chrissy Teigen x Quay collection, дизајнирана во соработка со популарната австралиска марка специјализирана за очила, Quay.

Колекцијата Teigen x Quay содржи осум модели на очила за сонце и седум модели на очила за вид. Интересно е што сите модели имаат цена под 60 долари, што гарантира брза продажба.

x

Check Also

Еве ја темата и специјалните гости на Мет Гала 2020

Темата одбрана од Costume Institute за 2020 година за значајниот моден настан Мет ...