Кристијано Роналдo- приватни детали од времето на врската со Ирина Шаик

Специфичен детаљ за фудбалскиот ас и неговата поранешна девојка, топ моделот Ирина Шаик, кој сега излезе на виделина.

Кристијано Роналдо, еден од најплатените фудбалери во светот, имал чудна страст, се појавија потсмевливи коментари на социјалните мрежи, откако неколку фотографии на кои тој е со лакирани нокти, со молскавична брзина почнаа да се разменуваат. Фотографиите произлегле од „Дојди кај мене“, новата попладневна програма која се прикажува на Раи Уно.

Папарацо-фотографот Маурицио Сорџе, вусшност, открил во програмата „во живо“ дека веќе извесно време има фотографии од Роналдо на кој е „уловен“ како си ги лакира ноктите заедно со Ирина Шаик, со која беше во љубовна приказна од 2010 до 2015 година. Според раскажувањето на фотографот, парот престојувал на Малдивите, во вила со потполна приватност и јахта на располагање, каде бил „уловен“ во неколку наврати како си ги лакира ноктите со црн лак.

-Дваесет лица од неговото обезбедување се обидоа да влезат на мојот брод, рече папарацото, чија информација била поздравена со големо изненадување од публиката во студиото, која речиси не верувала во она што го слуша. „Вистина е, ги имам фотографиите”, додал Сорџе за да биде поверодостоен.

x

Check Also

Изглед на денот: Емили Ратајковски во плетен мини фустан и чизми со змијски принт

Инстаграм ѕвездата и глумица Емили Ратајковски се појави во супертрендовски изглед на ...