Кристина Агилера отворено проговори за вишокот на килограми

Кристина Агилера беше една од најзгодните пејачки, но кога се здебели, медиумите почнаа остро да ја критикуваат…

Пејачката најпосле си ја отвори душата и искрено проговори како се чувствува во своето тело сега кога има многу повеќе килограми отколку порано.

-Никогаш не би сакала да се вратам во времето кога имав 20 години. Тогаш се чувствував многу несигурно. Сега имам многу повеќе самодоверба и свесна сум за себе. Поминав низ многу работи и се чувствувам одлично. Задоволна сум со моето „ново тело“.

Иако пејачката изјави дека е задоволна со своето тело, негативните коментари се тука веќе девет години, откога „насобра“ килограми плус. Наводно, тоа се случило после разводот со нејзиниот сопрух Џордан Братман.

Гласините одеа до таму што се зборуваше дека пејачката била многу депресивна поради новата телесна тежина и дека со денови не станувала од кревет.

Но со својата изјава, Агилера стави точка на сите гласини – „јас сум задоволна жена и го прифаќам своето тело“.

x

Check Also

Валентина Сампајо ја пишува историјата со Sports Illustrated

Валентина Сампајо од модната агенција Џој Менаџмент, која е првиот трансродов модел ...