Откако ослабна десетина килограми музичарката се врати на насловната страница на септемвриското издание на Максим во сатенски црвен фустан.
„Најдобро се чувствувам во долна облека“, вели Кристина Агилера, иако оваа реченица веќе неколку пати сме ја чуле и од нејзините колешки.
Во разговорот за Максим 32-годишната пејачка понатаму објаснува дека е обична девојка, дека постојано варира со килограмите и дека секогаш се покажува во природно светло.
„Да настојуваш по секоја цена да бидеш секси е најлошото нешто што можеш да го направиш! Сексапилноста не трпи напор“, вели таа.