Кристина Арнаудова со нов хуманитарен проект

Од 19ти Септември, недела, во 20часот ќе почне со емитување хуманитарниот ТВ проект ,,Проект куќа со Кристина“ на Телма телевизија.

Еве што вели Кристина за проектот:

“Овој тв проект се работеше во текот на изминатата година. Почнавме со работа во Февруари 2020та, но пандемијата со Ковид-19 не спречи да ја продолжиме реализацијата на проектот.

Се работи за уникатен формат, проект преку кој на семејства во социјален ризик, со деца кои живеат во тешки услови, комплетно им се реновираат домовите и се создаваат услови за барем достоинствен живот.

Разликата помеѓу овој проект и останатите од овој тип проекти познати на балканските простори е во тоа што ,,Проект куќа“ нема спонзори кои редовно донираат во секој дом ниту пак стабилен буџет наменет за изградба, туку за секој нареден дом се бараат нови донатори, нови мајстори,  се мотивира и буди општествената одговорност кај компаниите и физичките лица преку апели за донирање и воопшто преку апел до целото општеството за вклучување со расположливите средства во проектот.

Пораката на проектот пак, која треба да допре до што повеќе сограѓани е следната: „ ЗАЕДНО МОЖЕМЕ ДА НАПРАВИМЕ МНОГУ, САМО ТРЕБА ДА САКАМЕ.“ Вашата поддршка ќе ни значи многу и поттикнува надеж за мотивирање на многу други компании и донатори да се вклучат во нашата приказна.”

Првата сезона на ,,Проект куќа со Кристина“ има 16 епизоди; премиерно започнува на 19ти Септември  и ќе се емитува секоја недела во 20 часот, со репризни изданија во сабота во 17 часот и една реприза во текот на работната недела.

Секоја епизода ќе го прикажува процесот на реконструкција на домот на кој ќе се работи во целост, но и се што попатно се случува во текот на работењето. Автор на проектот е Кристина Арнаудова Петровски, воедно и продуцент и водител, како дел од ,,Хепи Хаус продукција и конструкција.“

 

x

Check Also

Рамадани и Вандески земаа учество на ЕП во Талин

Сенад Рамадани и Леонид Вандески земаа учество на континенталното натпреварување до 23 ...