Кристофер Ламберт зборува за новата љубов, младата италијанска глумица

Францускиот и американски глумец, 61-годишниот Кристофер Ламберт, има нова девојка која е 22 години помлада од него.

Секс симболот вчера гостуваше на италијанското шоу на Барбара д Урсо, зборувајќи за својата нова љубов, и на изненадување на гледачите, таа е 22 години помлада од него.

Имено, веќе неколку месеци Ламберт е во љубовна врска со италијанската глумица Камила Феранти.

Кристофер Ламберт и Камила Феранти

Ламберт беше во брак со Дајан Лејн со која се разведе во 1994 година, потоа се ожени со Џејмис Хафт со која се разведе во 2000-та година, по интензивната врска со Софи Марсо. Миленикот на жените сега е вљубен до „уши“ во Феранти, позната по серијата Докторката Џо.

-Таа е великодушна личност, со големо срце, длабоко ме допира во душата и за мене тоа е најважно нешто“, објасни Ламберт. Меѓу различните подароци кои и ги подарил на Камила е и вереничкиот прстен. Веќе размислуваат за брак, додава Ламберт.

x

Check Also

Ангелите на Викторија сикрет ги претставуваат костимите за капење за пролет/лето 2019 (ФОТО+ВИДЕО)

Популарната марка за долна облека Викторија сикрет триумфираше со нова рекламна кампања ...