Критики за Џорџина Родригез од шпанските медиуми

Додека убавата девојка на Роналдо, Џорџина Родригез, е најфотографираното лице на Филсмкиот фестивал во Венеција, критики кон неа пристигнаа од шпанските весници.

Повеќе шпански весници ја искритикуваа 23годишната манекенка, позната како девојка на фудбалскиот ас Роналдо, со кого од неодамна има и дете. Секако, дека овие критики не се пријатни за убавицата, особено што доаѓаат од нејзината родна земја.

Според весниците, Џорџина откако е во врска со Роналдо, ја напуштила својата фамилија за да го следи секаде својот сакан, а пишуваат и за нејзиниот интерес кон парите на фудбалерот.

За време на популарната телевизиска емисија, новинарот Серџи Фере, раскажува дека Џорџина сосема заборавила на тешката финансиска ситуација на своите родители. Наводно, нејзините родители кога побарале пари од неа, таа не сакала да им помогне. „Нејзината баба Хуана живее со две деца во мала куќичка оштетена од земјотресот во 2011. Потребни и биле 3 илјади евра за да ја сочува куќата од уривање, кои Џорџина не сакала да и ги позајми. Ситуацијата на нејзиниот татко не е подобра, од онаа на баба и. Таткото на Родригез е тешко болен, после операцијата која ја направил. Родителите се изненадени што Џорџина не го посетила воопшто по операцијата. Исто така и пријателите на Џорџина не ја слушнале долго време, поточно од моментот кога ја започнала врската со Роналдо“.

После ваквите објави во телевизиските емисии и во списанијата, кои се актуелни токму овие денови, родителите на Џорџина Родригез не ги демнатирале коментарите на новинарите, ниту пак рекле дека не е вистина, но само не сакале да се појават и отворено да зборуваат за односот на нивната ќерка во емисијата.

x

Check Also

Ова е најслатката фотографија на Џиџи Хадид од бременоста (ФОТО)

Најслатката – и најсмешна – фотографија од бременоста на Џиџи Хадид, 25, ...