Списанието Вајс доби остри критики од јавноста по објавувањето на сесијата „Последни зборови“ во која моделите глумат ликови од книжевноста кои извршиле самоубиство.
„Последни зборови е едиторијал во нашиот нов број чија тема е фикцијата. Сакавме да ги претставиме познатите писателки во нивните последни минути од животот, пред трагично да го завршат животот. Нашата главна цел е создавањето на уметнички фотографии со модна порака, сакаме нашите читатели да се внесат во фотографијата и да создадат сопствена приказна. Целата екипа која рабoтеше на оваа фотосесија како и уредниците се извинуваат на сите кои се најдоа повредени од овие фотографии“, вака гласи официјалното извинување на списанието Вајс до своите читатели.
Во фотосесијата се преставени Вирџинија Вулф, Силвија Плат, Ајрис Чан и Шарлот Перкинс.