Криза? Се бара луксуз: И Версаче се пофали со профитот, а Левис отпушта вработени

Пораст на профит во продажбата има и кај луксузната модна куќа Версаче. По Хермес, познат по исклучително скапите цени на производите што ги нуди, и Версаче се пофали со продажбата остварена минатата година и позитивниот тренд во 2014.

Профитот на прочуената италијанска марка Версаче ланската година забележал пораст за дури 27,6 отсто, а според зборовите на директорот на модната куќа, Џакомо Ферарис „ судејќи според резултатите до сега и 2014 година ќе биде добра“.

Плановите на модната империја се во текот на годината да се прошират низ повеќе делови на Европа, но и на „неистражените“ пазари како Кореја, Бразил и другите јужноамерикански земји.

И додека раководството на Версаче планира да вработува нови луѓе во бутиците кои ќе ги отвора, марката достапна за секој џеб, Левис, планира да отпушти 800 луѓе и со тоа да заштеди околу 200 милиони долари годишно. Од Левис пак велат дека кризата се чувствува и дека се надеваат на подобри денови.

x

Check Also

Карди Би се збогува со сопругот после три години брак

Карди Б(27) и нејзиниот сопруг Офсет (28) се разведоа по само три ...