Крстарење со стил: Славниот готвач Џејми Оливер отвора ресторани на луксузни бродови

Од оваа есен гостите на луксузниот брод Квантум (Quantum of the Seas) ќе имаат можност да уживаат во готварските специјалитети на прочуениот готвач Џејми Оливер.

J 1002

Бродот ќе почне со крстарење на почетокот на есента, од Њујорк, а соработката меѓу Џејми Оливер и компанијата Ројал Карибиен ќе ја почувствуваат гостите на луксузниот Квантум кој ќе бидат послужувани со специјалитети од кујната на славниот готвач.

J 1400

Ова не е единствен „морски“ предизвик за Оливер. Во 2015 година со својата кујна ќе биде дел и од бродот Антем  (Anthem of the Seas) кој крстарењето ќе го започнува од англискиот град Саутхемптон.

Инаку, Џејми Оливер веќе има свој широк ланец на ресторани, а некои од нив се во Велика Британија, Кина, Русија, Шведска,  Турција и Сингапур.

x

Check Also

HUAWEI го претставува P Smart Pro со тројна AI камера од 48 MP и воодушевувачки дизајн

Huawei го претстави HUAWEI P smart Pro – најновиот паметен телефон, со модерен дизајн и ажурирани спецификации што ...