Куглоф од моркови

Превкусен рецепт за куглоф од моркови кои ќе ви ги разубави есенските денови.

Потребни состојки за да го подготвите: 4 изрендани моркови, 2 банани, 2 јајца, 100 мл. јогурт, 150 гр. брашно
150 гр. интегрално брашно, 1 ќесичка ванилин шеќер, 1 ќесичка прашок за печиво, 2 лажички цимет,
150 гр. суво грозје.

Подготовка:

Морковите изрендајте ги, а бананите испасирајте ги, потоа помешајте ги заедно и додадете ги јајцата и јогуртот.

Во друг сад измешајте ги двете брашна, ванилиниот шеќер, прашокот за печиво и циметот. Додајте ја смесата од моркои и банани и повторно измешајте се убаво да се соедини.

На крај ставете го сувото грозје. Претурете ја смесата во намачкан калап за куглоф и печете на 200 степени околу 40-на минути.

Послужете од куглофот откако ќе го наросите со шеќер во прав.

x

Check Also

Летна тава од рерна: Тиквички со пармезан и јогурт

Повкусно и не може да биде. Лесно летно главно јадење карактеристично се ...