Куќата на Џеки Кенеди на продажба: Погледнете ја куќата од соништата (ФОТОГАЛЕРИЈА)

Прекрасниот имот „лозјето на Марта“ што Џеки Кенеди Оназис го нарекуваше свој дом во моментов е на продажба за 65 милиони долари. На продажбата се одлучи ќерката на покојната прва дама, Керолин Кенеди. Подготвени сте за поглед на куќата на соништата?

Во 1979 година Џеки го купила имотот од 340 хектари кои се простира директно пред Атнаскиот океан, познат како Фарма Ред Гејт. Главната резиденција, имот од 340 хектари, се состои од пет спални соби со купатило и два тоалета и кујна. Вториот кат пак, има четири спални соби и три купатила. Покрај тоа, имотот располага и со базен и тениско игралиште.

„Пред четириесет години, мајка ми се за вљуби во Лозјето на Марта“, изјавила Каролин кога ја прашале за куќата на нејзината мајка.

„Кога ја пронајде фармата Ред Гејт, таа беше совршен израз на нејзиниот романтичен и авантуристички дух. Тука таа создаде свет каде што може да биде близу до природата, нејзиното семејство и пријателите и, пред сè, близу до нејзините сакани книги. Таа дури и изгради уште една помала куќа од дрва, во ист стил, за внуците. Тие внуци сега пораснаа, па сега е време ние да го следиме примерот на мајка ми и да ги создадеме нашите светови. Се надеваме дека некое ново семејство ќе го збогатува ова место како што направија нашите три генерации “, објаснува Каролин.

Куќата во 1979

Хју Нјувел Џакобсен го проектирал првичниот изглед на куќата во стил Cape Cod. Бани Мелон, кој ја дизајнираше White Garden Rose Garden во времето на Џеки како прва дама на САД, е одговорен за прекрасниот пејзаж на имотот.

После реконструкцијата во 1981 од страна на Хју Нјувел Џакобсен, подоцна Каролин Кенеди ја ангажирала архитектката Дебора Берк, декан на Јеил училиштето за архитектура, за да ја реставрира куќата во 2000 година.

 

x

Check Also

Класично сина – боја на 2020 година според „Пантоне“

Италијанскиот Институт за бои, престижниот „Пантоне“ ја објави бојата на годината која ...