Иако креаторот вложи 33 милиони долари на реновирање на луксузната вила, од 17 септември таа ќе биде ставена на продажба со почетна цена од 25 милиони долари.
Славната вила во Мајами во која живееше Џани Версаче ќе биде ставена на продажба на 17 септември, соопшти аукциската куќа Фишер.
Вилата се простира на 23.000 квадртани метри, има 10 спални соби, 11 купати и огромен препознатлив базен украсен со 24-каратно злато.
Изградена е во 1930 година, а италијанскиот креатор ја купи и ја реновираше во 1992 година. Токму пред оваа куќа е и убиен во 1997 година.
Останува да видиме кој ќе ја купи славната вила.