Куќата во која живееа Бред Пит и Џенифер Анистон е на продажба

Куќата на Беверли Хилс, кадешто живееше славниот пар Бред Пит и Џенифер Анистон е на продажба, а цената и е 49 милиони долари.

Врската на славните глумци Анистон и Пит е одамна завршена, но нивната куќа кадешто заедно живееа додека беа во брак, сега се враќа на продажба. Куќата е дизајнирана од еден од најголемите архитекти во Холивуд, Валас Неф.

Трикатната куќа располага со 4 спални соби, 12 бањи, соба за гардероба, трпезарија која може да собере 20 луѓе, бар-просторија, кино сала, потоа базен, тениско игралиште, градина со лимитиран пристап кој обезбедува сигурност од папараци.

Одлуката за продажба на оваа куќа била заедничка, на Бред и на Анистон. Ова пак, повторно ги поттикна гласините дека некогашната славна двојка повторно е во контакт. Анистон пак, неодамна ги негираше овие гласини.

– Мојот фокус е на работата, а што се однесува до романтиката не е моментно мој приоритет. Верувам сеуште во љубов, но не трагам очајно по неа. Кога љубовта ќе пристигне, ќе ја дочекам со раширени раце, вели Анистон.

x

Check Also

Ким Кардашијан позира за колекцијата SKIMS и е многу секси

Ким Кардашијан позира за кампањата SKIMS Cotton Collection. Колекцијата ќе биде лансирана ...