Куќичката на Хајди, бајковита швајцарска дестинација за прошетка со деца

Ако сте фанови на романот Хајди од Јохана Шпири, или на неговата верзија адаптирана во цртан филм, може да ја посетите куќичката на Хајди која навистина постои.

Романот „Хајди“ напишан од швајцарската писателка Јохана Шпири во 1881 година, доживеа над 20 милиони продадени примероци, а преведен е на повеќе од 40 светски јазици. Филмската серија пак, беше продуцицирана во 1974 година, а по оваа верзија потоа се појави и анимирана серија за деца Хајди.

Куќичката на Хајди постои и се наоѓа во Швајцарија. Поточно во Мајенфелд, во близина на границата со Австрија и Лихтенштејн. Станува збор за куќичка изградена од камен, вгнездена меѓу зелени ливади.

Градот Мајенфелд посвети цел парк на темата Хајди, познат како Хајдидорф, односно Селото на Хајди. Оваа идеја ги привлече туристите од цел свет. Во Хајдидорф е навистина возможно преку прошетка да се доживее приказната на Хајди и козарчето Петре. Целото хајди доживување во селото на Хајди, секако, е адаптирано за деца, за да можат да уживаат во оваа приказна и речиси да станат и самите дел од неа.

Во селото на Хајди е сместен и Музејот Јохана Шпири, каде може да се видат оригиналните ракописи од книгата Хајди, како и сцени од првиот филм Хајди.

Турата Хајди организирана од гратчето Мајенфелд трае 2 часа, а на различни, 12 пунктови, се раскажува приказната за животот на Хајди.

За оние пак, кои сакаат во ова идилично место на Алпите и да преноќат, тука е хотелот и ресторанот Хајдихоф. До него пак, се наоѓа продавничка во која може да се купи сувенир на темата Хајди.

 

x

Check Also

Ова се најбарани дестинации за годишен одмор во 2019

Популарниот сајт кој е специјализиран за патувања TravelSupermarket направи истражување и ги ...