Куклите на Златко Јовановски

На Модната недела во Ниш, младиот дизајнер ја претстави новата колекцијаkukli 1Со 9 модели под името Кукли (Dolls) младиот дизајнер се претстави на Модната недела во Ниш. Дизајните се изработени со сликана тантела и рачно везени детали.

kukli 2„Кога париските модни куќи претставуваат колекции кои содржат 70 отсто рачна изработка, можеме и ние тоа да го правиме и да ги пласираме нашите производи надвор од земјата. Насловот е Dolls, бидејќи сметам дека куклите од излозите се совршени, а ние секогаш копнееме по она најубавото, по совршеното. Сметам дека секоја жена во себе крие една дива, а секоја дива со круна на главата е една кукла“, вели Златко.

kukli 3
За да се претстави онака како што сакал на ревијата, Златко се подготвувал четири месеци, вклучувајќи посебна музика и кореографија.

kukli 4
„Сакав посебна музика, поразлично осветлување и поголем простор. На главната писта вежбавме долго со моделите, за се’ да изгледа во најдобар ред. Трудот се исплатеше, зашто коментарите од присутните беа дека ревијата изгледа величенствено, светски“, додава младиот дизајнер.

kukli 5

kukli 6

kukli 7

kukli 9

kukli 10

kukli 11

kukli 12

kukli 13

 

x

Check Also

Mango Committed 2021, колекција дизајнирана за пролет/лето со еко-материјали

Моделката Фелис Ноурдхоф позира за колекцијата на Манго за сезоната пролет/лето 2021. ...