Кула од Профитероли – најпосакуваниот грандиозен кремаст десерт достапен и кај нас само во Magic Cake

Профитерол е крцкава слатка топка од тесто исполнета со ванила крем, прелиена со неодолив чоколаден сос по француски рецепт понекогаш со сладок карамел или шлаг. Ова прекрасно слатко задоволство денес се произведува во целиот свет, но секаде добива по некој мал белег.

5

Во Америка профитеролот се полни со сладолед, во Англија со слатка павлака, во Грција и Турција се служи во чаша, целосно прекриен со чоколаден сос, шлаг или сецкани јаткасти плодови.

Croquembouche1

На почетокот постоело проблем во преводот на името профитерол, па преводите за ова слатко топче се – „Крем што излудува“ или „Торбичка со крем“.

06

 

Зборот профитерол во англискиот јазик постои од 1604 година, како позајмен збор од францускиот јазик, а веќе во 17 век во Англија се служи специјалитетот направен на база од супа од бадеми со сушени кори од тесто полнети со крем и ваквиот специјалитет  се нарекувал профитерол.

13

Профитеролот во Америка се појавува во 1851 година под името- крем што излудува. Croquenbouche или Кула од профитерол е француски десерт кој се изработува од профитероли наредени во конус и врзани меѓу себе со чоколадо или карамел.

Croquembouche-wedding-cake

Овој десерт во Франција и Италија најчесто се служи на свадби, крштевки, родендени, коктели и забави.

 

9

Највисоката кула од профитерол досега изработена во светот била висока 4,5 метри и стоела 15 минути , ја изработиле во Махараштра Државниот Институт за Хотелски Менаџмент и Кетеринг Технологии во Индија .

inspiracija

Во поново време поради големата иновативност и обиди да се создадат нови вкусови профитеролот може да биде полнет и со други вкусови освен основниот ванила вкус. Додека кулата со профитероли може да се декорира со чоколадо, фондан, овошје, јаткасти плодови, шлаг и слично.

 

Направете ја вашата прослава уникатна во стилот на француските елитни коктели и прослави. Засладете ги вашите гости на поинаков начин со прекрасна магична кула од профитероли креирана од Вештите раце на тимот на MAGIC CAKE.

 

Кулите од профитероли кои пленат со својата грандиозност и убавина покрај уникатниот изглед и дизајн можат да бидат збогатувани со детали и слатки украси по Вас вкус и секако инспирирани од поводот за кој ги посакувате.

7

Тркалезни, крцкави топчиња од тесто исполнети со неодолив млечен крем од ванила, прекриени со чоколаден сос од црно чоколадо, шлаг и лешници. Премногу вкусно за уникатна прослава.

3290175376_041f08b71c

Профитерол е француски десерт кој се приготвува со векови во Франција, а сега по оригинален рецепт и за вашата прослава креиран од тимот на MAGIC CAKE.

profiii-
Како најбрзо да стигнете до вашите профитероли ?
Повелете на официјалната Фејсбук Фан страна на MAGIC CAKE или нарачајте на телефоните:02 60 90 522 и 071 38 65 68

x

Check Also

Согорување калории – Крофните ќе ги истопите со 45-минутно возење велосипед со брзина од 20 километри на час

На топ листата на производи чија калориска вредност неретко ја потценуваме се ...