Купувате нов костим за капење? Внимавајте како го пробувате

Новото истражување кое доаѓа од Медицинскиот факултет во Њујорк тврди дека и покрај тоа што долниот дел на новите костими за капење се заштитени со хигиенска лента, таа сепак може да биде преносител на различни бактерии.

kostim 234

Професорот по микробиологија и патологија на Медицинскиот факултет во Њујорк, Филип Тиерно, го спроведе истражувањето за микрофлората и бактериите кои се наоѓаат на различни парчиња облека купена во продавниците, особено на долната облека и костимите за капење. Иако добар дел од женските гаќички и костими за капење имаат од внaтрешната страна залепена заштитна лента која ја штити ткаенината од различни микроби, најчесто и таа е загадена со бактерии кои предизвикуваат различни болести. Истражувањето тврди и дека бактериите кои се собираат на облеката воопшто немаат врска со квалитетот на материјалот и тоа дали станува збор за луксузна облека или евтина.

Оттука на жените им се советува кога ќе пробуваат гаќи или костим за капење тоа да го направат врз долната облека која веќе ја носат на себе.

x

Check Also

Свечено отворање на новата книжарница на „Литература.мк“ во „Скопје сити мол“

Скопје ја доби најголемата книжарница во Македонија! Новата суперпродавница на „Литература.мк“, која ...