Кус кус со суво овошје и бадеми

Брзо јадење кое е празник за непцето.

Потребни намирници – 400 грама кус кус, 400 мл вода, 50 грама путер (солен), 40 грама суво грозје, 40 грама суво овошје (кајсија), 40 грама бадеми, излупени, прстофат сол.

Сушеното овошје измијте го и исцедете го. Ако сувото овошје е покрупно, иситнете го да биде со големина како сувото грозје. Во сад помешајте го кус кусот со прстофат сол, путер исечкан на коцки, додадете го сувото овошје и убаво измешајте додавајќи зовриена вода. Оставете го да отстои додека кус-кусот не ја впије водата.

За тоа време тостирајте ги бадемите на сува тава и грубо иситнете ги. Со вилушка изгмечете го кус-кусот и додадете ги тостираните бадеми.

x

Check Also

Грчки колач со портокал – Портокалопита

Подгответе го традиционалниот, превкусен колач о Грција, по оригинален рецепт. Потребни намирници ...