Модниот гениј, починатиот дизајнер Карл Лагерфелд, на својата персиска мачка Шупет трошете 3 милиони евра. Таа е секако една од најпознатите мачки на социјални мрежи, со профили на Твитер и Инстаграм. Да не зборуваме за модниот универзум – беше на насловните страници на најпрестижните списанија и амбасадор во разни рекламни кампањи. А и редовно патуваше со приватен авион, има две лични слугинки и престојува само во луксузни хотели.
По смртта на Лагерфелд, Шупет стана најбогата мачка -наследничка во светот, а неа и припаднаа дури околу 200 милиони долари.
Неодамна, мачката се приклучи на Агенцијата за таленти на животни и го дожиева својот прв црвен тепих како солистка, без нејзиниот сакан Карл. Но, за време на настанот на конференцијата „Пет и ко“ во Париз, на која Шупет беше присутна, беше потпишана под името Луј Витон, наместо под името на Шанел!
Каква грешка! Карл ова да го видеше!