Л-карнитин и зелен чај за слабеење, еве како делуваат заедно

За согорување на маснотиите, а со тоа и на килограмите, често се препорачуваат двата најпознати согорувачи – Л карнитинот и зелениот чај. Овие познати согорувачи на масти помагаат полесно да дојдете до посакуваната цел – витко тело и рамен стомак.

Некои реклами ветуваат дека со примена на овие „волшебни апчиња“ за слабеење можете брзо да „стопите“ многу килограми лежејќи пред телевизорот. Но тоа не е вистина. Факт е дека Л -карнитинот и зелениот чај помагаат во забрзувањето на процесот на слабеење, но само доколку се комбинираат со умерена и здрава исхрана.

Како делуваат?

Тие се познати како термогеници, што значи дека многу малку ја покачуваат телесната температура а со тоа помагаат да потрошите за пократко време повеќе калории.

Што всушност прават?

Сите популарни согорувачи на масти кои се продаваат во апчиња или прашок едноставно ги „спалуваат“ калориите во вид на топлина бидејќи го стимулираат ослободувањето на адреналинот односно го забрзуваат метаболизмот. Дополнително, го намалуваат и апетитот. Сепак, докажано е дека тие делуваат ограничено, а најделотворни се кога се употребуваат во комбинација со внимателен внес на калории и физички вежби.

Во која доза се употребуваат при диети?

Ваквите упатства мора внимателно да се читаат на пакувањето. Се користат 14 дена, а потоа треба да се направи пауза од најмалку една недела доколку сакате повторно да ги користите.

Кога?

Најдобро е да се употребуваат наутро зашто голем дел од ваквите производи содржат кофеин (некои и ефедрин), па доколку ги земате навечер може да бидете нервозни или да предизвикаат несоница. Препорачливо е да НЕ ги конзумирате после 2 часот попладне.

Непосакувани ефекти?

Се разбира дека имаат, доколку се претера со конзумацијата. Ваквите согорувачи на масти обично содржат и ефедрин кој предизвикува анксиознот, забрзано чукано на срцето и вртоглавица.

Кои се најдобри согорувачи на масти?

Според бројните препораки најбезбедни се Л-карнитинот и Зелениот чај.

Л-карнитинот се препорачува за согорување на масти за оние кои практикуваат и тренинзи. Од него се зима доза од 500 до 3.000 мг пред тренинг. Не се препорачува за оние кои не се активни бидејќи најголемиот ефект го даваат за време на тренингот и непосредно по него.

Зелениот чај пак, се препорачува за оние кои не практикуваат физичка активност. Тој е еден од најдобрите природни согорувачи на масти, а се употребува и како антиоксидант. При диетите се препорачува да го вклучите овој чај во секојдневната исхрана, односно од него да пиете 3-5 филџани дневно.

x

Check Also

6 митови за слабеењето на кои редовно наседнуваме

Кога милијарди долари се во прашање кои се „вртат“ благодарение на апчињата ...