La Piscine – Нова колекција од PARFOIS совршена за летните денови

Инспирирана од 50-тите и 60-тите години, колекцијата La Piscine се појавувва како клучна тема за летните денови. Сцената на познатите Молитор базени во Париз, каде доминираат боите е главна инспирација за колекцијата која нè носи во ретро-лето полно со геометриски фигури и колор блокирање.

Чанти во црвена, сина и жолта боја со впечатливи риги; торби со дрвени рачки и цветови за лето во кое најважниот елемент се деталите.

Чевлите, исто така, имаат винтиџ инспирација: платформите во интензивна црвена боја се едни од централните елементи во колекцијата.

Ако накитот е клучен за незаборавно лето, тогаш La Piscine нè носи на едно сосема ново ниво каде акрилот и текстилот се во хармонија и создаваат впечатливи ланчиња и обетки кои ќе ја збогатат дури и наједноставната комбинација.

Oчилата за сонце во сина и црна боја со бели ленти ја имаат елеганцијата и естетиката која доминирала во 50-тите и 60-тите такашто тие се совршено дополнување на целосниот изглед.

Златните денови на 50-тите се тука и носат разнобојно и ретро лето за модерните жени кои сакаат да го оживеат минатото.

x

Check Also

Фолтин на минусни температури ја собра Битола на Зимска приказна

Синоќа во Битола со големиот концерт на Фолтин започна “Зимска приказна” проект ...