Ладна викенд препораки!

Престојот во природа, доволниот дневен внес на Ладна и редовната физичка активност се навики кои го штитат здравјето, а кои треба да ги негуваме уште од најраната возраст. Заедничкото семејно дружење пак придонесува за зближување и јакнење на самодовербата на децата за нивниот правилен ментален и физички развој.

Исто така е важно да ги научиме децата да се грижат и за животната средина, да се поврзат со природните ресурси, а најдобар начин за тоа е почесто организирање на престои во природа. А во Mакедонија навистина има каде да се оди, и сигурно постојат места кои досега не сте ги посетиле. За вашата следна авантура во природа, Ладна ви ги препорачува следниве дестинации:

  1. Изберете ден со бистро небо, со најголема веројатност дека нема да се појават ноќта облаци и да ги скријат ѕвездите, соберете мала но сакана екипа и преноќете на Кокино. Ова место се вбројува меѓу античките опсерватории во светот, а според наодите на археолозите, на локалитетот немало живеалишта туку опсерваторијата била светилиште.
  2. Кампување во бујната букова шума покрај Колешинските водопади, каде се слуша жуборкање на реката и црцорење на птици и штурци, е авантура за раскажување. Според мештаните на село Колешино, сѐ повеќе туристи доаѓаат да ја почувствуваат смирувачката енергија на водопадите.
  3. Нашите краишта се полни со возбудливи природни богатстваи убави широки пространства. Во Јанче може да берете овошје и зеленчук со мештаните, да јавате коњи и да вкусите мед и вино – слатки колку животот. А во Брајчино се оди на воздушна бања, се пешачи и планинари до Големо Езеро на Пелистер. Пониква е најчистиот еколошки крај во Осоговијата, со уредени пешачки патеки и ресторани со специјалитети од дивеч. А кој не бил во Вевчани, може да го смета за предлог број еден, иако карневалот уште одамна заврши. Вевчанските извори се бујни и студени, а Вевчанци имаат приказни за раскажување до зори.

Додека уживате во летните излети и прошетки, не заборавајте секогаш со себе да носите и доволна количина на Ладна. Нејзиниот совршено избалансиран состав и исклучително ниското ниво на натриум ја прави Ладна идеална за освежување и хидратација во секое време.

Ладна е идеалниот придружник на секое ваше патување и активност. Затоа, носете си Ладна со себе без разлика дали освојувате некој планински врв, одите на семејна авантура, на одмор или на бизнис патување. Една Ладна голтка ни го прави патувањето поубаво и поздраво.

x

Check Also

Формирана  „Македонска асоцијација на туристички водичи и придружници“ (МАТАВП)

Викендов во Скопје, во хотелот „Панорамика“  беше претствена новоформираната асоцијација „Македонска асоцијација ...