Лагерфелд најави три спектакуларни ревии за 2015

Модните уредници, блогерите, моделите и фановите на Шанел годинава ќе имаат прилично многу џет-сет забава судејќи според календарот на настани кој Лагерфелд го објави.

Карл Лагерфелд објави дека годинава ќе има не една, не две туку три меѓународни модни ревии.

Првата меѓунарона ревија на Шанел ќе се одржи во Њујорк, на 31 март, и тоа како реприза на „Шанел мајсторство на уметноста“, колекција која беше прикажана во Австрија минатиот месец. Значи оние кои мораа да бидат присутни на ревијата на Викторија сикрет на сметка на пропуштањето на ревијата на Лагерфелд сега ќе имаат втора шанса да ја видат колекцијата. Есенската пред-линија ќе биде пуштена во продажба во бутиците на Шанел во месецот мај.

За 4 мај пак, е закажана ревијата „Шанел Круз“ во Донгденум Дизајн Плаза во Сеул, Кореја. Објектот е дизајниран од Заха Хадид, а минатата година тука се одржа и Културната изложбата на Шанел.

Втората ревија „Шанел мајстортсво на уметноста“ ќе се одржи на 1 декември, во Рим. Сеуште нема индикации која локација ќе биде избрана од креаторот, но сигурни сме дека повторно тоа ќе биде ревија вредна за паметење.

 

x

Check Also

Лејди Гага: На нашата љубов со Бредли работевме напорно, со денови

Лејди Гага е уморна од објаснувањата дека меѓу неа и Бредли Купер ...