Лагерфелд повторно изненади: Песок и море на ревијата на Шанел во Париз

Таман кога помисливме дека Карл Лагерфелд (85) повеќе не може да не изненади, тој тоа пак го направи и тоа на многу екстравагантен начин.

На ревијата на Шанел која се случи во рамките на Модниот викенд во Париз, организирана во Гранд Палас, гостите ги дочека плажа на германскиот остров Силт, кој Лагерфелд го обожува. Плажата навистина имала песок и вода која се пенела и претворала во бранови, приближувајќи се кон „обалата“ по која чекореле манекенките во најновите модели на Шанел, дизајнирани за пролет 2019.

Лагерфелд е мајстор за сценографија и секогаш осмислува нешто „откачено“. За ревијата тој нарачал песок кој е донесен во Гранд Палас во Париз. Гостите пак, на крајот на ревијата едвај дочекале и сами да ги соблечат чевлите и да се фотографираат за Инстаграм.

x

Check Also

Голема забава за 3тиот роденден на Скопје Мериот хотел

 Со голема прослава, бројни гости и креативен концепт што нудеше многу забава, ...