Лајф Бал, вечерва во Виена

По Амфар Гала која се одржа во Кан, Стариот континент продолжува да вложува во борбата против сидата. Вечерва во Виена ќе се случува традиционалниот хуманитарен Лајф Бал.

adam 345

Станува збор за најголем хуманитарен бал во Европа кој се одржува во Сити хол во Виена, а годинава почесен гостин ќе биде Рики Мартин.

За прв пат во 22-годишната историја на оваа добротворна гала вечер ќе има ревија посветена на машката мода, организирана од страна на италијанскиот „Уомо Вог“, а на сцената ќе бидат претставени креации од новите линии на седум врвни модни куќи – Живанши, Виктор & Ролф, Ланвин, Жан Пол Готје, Вивиен Вествуд, Етро и Дисквард2.

Годинава тема на гала вечерта е Рајот на Земјата, а постерот го изработи славниот моден фотограф Дејвид Лашапел. Главен модел пак е транссексуалецот, Кармен Карера.

Слоганот на ова уметничко дело е „Јас сум Адам, Јас сум Ева, Јас сум Јас“ и ја афирмира пораката дека убавината не зависи од полот и треба да се слави во сите нејзини форми.

adam 123

„Креацијата на Дејвид е поврзана со темата на индентитетот и ја изразува идејата дека човечкото достоинство и толеранција се неограничени. Почестени сме што оваа порака ја пренесуваме преку Лајф Бал“, изјави Гери Кезлер,основачот на оваа хуманитарна манифестација.

Во рамките на Лајф Бал ќе биде и изложбата на Лашапел, а средствата од продадените фотографии, исто како и од влезниците за овој настан, ќе одат во хуманитарни цели за борба против сидата.

 

x

Check Also

Објавена новата сликовница од Ване Костуранов, „Девојчето и градот“, во издание на „Арс Ламина“

Новата книга за деца од познатиот македонски илустратор и уметник Ване Костуранов, ...