Лакот за нокти ни го открива карактерот

При изборот на боја на лакот, обично размислуваме за тоа како ќе ни одговара со облеката, но не и со карактерот. Сепак, токму изборот на бојата може да открие нешто за во очите на другите.

По правило, зад црвениот лак се крие страсна и енергична жена, која кога ќе го зацрта тоа што го сака истото и го исполнува .

Бојата на праска на ноктите открива дека девојката  живее за моментот, сака да се забавува и е весела по природа.

Виолетовиот лак е „резервиран” за оние кои во се  наоѓаат нешто позитивно и се чувствуваат добро во својата кожа.

Белите нокти се карактеристични за нежните и романтични души, додека светкавите нијанси ги сакаат  шармантните дами кои изобилуваат со енергија.

Жолтиот лак за нокти открива топли и насмеани личности, додека синиот лак го сакаат мирните и стабилни девојки.

Добро организираните дами најчесто избираат безбоен лак, а авантуристите –  зелен лак.

Популарниот „френч“ е избор на креативнте девојки кои сакаат да играат и да испробаат нешто ново, како што ноктите во боите на виножитото велат дека до нас е жена која сака да биде забележана и таа не го крие тоа.

Значи, следниот пат кога ќе го избирате лакот, размислете каква порака сакате да и испратите на околината.

x

Check Also

Причини поради кои брзо ви се создаваат брчки на лицето

Создавањето на брчки многу зависи од типот на кожата, но и од ...