Ланските сандали од ZARA се хит и за оваа пролет и лето

Модната марка Зара во својата пролетна понуда ги врати сандалите-папучки кои минатата година имаа одлична продажба.

Минатото лето, Зара претстави елегантни модели на сандали-папучки, естетски слични на култниот Ермесов модел Оран. Понудата вклучуваше неколку различни нијанси – кафена, црна, црвена и бела.

Благодарение на нивната погодност на разни комбинации, лесност за носење и прифатливата цена, за кусо време овие папучки станаа доминантен модел на летните асфалти. Сега пак, Зара истите папучи ги најавува како хит и за претстојната сезона. Цената останува иста, а понудата е збогатена со уште еден модел со кожени ленти поврзани во панделка.

x

Check Also

Панталони и фустан во зелена боја од MANGO, ги сакаме оваа пролет!

По тмурните зимски денови, подготвени сме првото пролетно сонце да го дочекаме ...