Лебот Рустика на „Жито Лукс“ повторно достапен  

 

Најголемиот македонски производител од мелничко-пекарската индустрија, „Жито Лукс“ внесува уште еден производ во своето портфолио. Станува збор за лебот  Рустика од линијата Фурнаџиски лебови кој е повторно достапен во продажните места на производите на компанијата.

Лебот Рустика, омилен на многу генерации, е рачно направен од пченично и ‘ржано брашно по стариот, традиционален рецепт. Задржан е и оригиналниот изглед, со препознатливата распукана кора, посипан со брашно, како и карактеристичниот вкус на домашен леб, тукушто излезен од фурна.

„Лебот Рустика претставува одлично надополнување на секој оброк и секоја семејна трпеза. Сега, во време кога почесто сме дома и повторно се собираме околу семејната трпеза, речиси исто како некогаш, со овој леб се навраќаме на мирисот и вкусот од детството. Нашата компанија и во ова време кое налага вонредни услови на функционирање и работа, се стреми и ќе продолжи понатаму да се стреми кон обезбедување на врвен квалитет и вкус за нашите потрошувачи, со цел на ниедна трпеза да не изостануваат лебовите на „Жито Лукс“ – велат од компанијата.

x

Check Also

Супер рецепти со супер лебови: Автентични италијански брускети, Протеински појадок со путер од кикирики, Брза ужина со варено јајце

  Во супер жешките летни денови речиси секој е во потрага по ...