Легендарниот Дејвид Боуви е главна фаца во новата кампања на Луј Витон (ВИДЕО)

Рок иконата Дејвид Боуви, кој во 1980 година го освои светот со хитот Фешн, има главна улога во модната кампања на Луј Витон. Музичарот инаку и самиот е фан на Витон.

66-годишната рок легенда Дејвид Боуви се појавува во новата кампања на Луј Витон насловена L’Invitation au Voyage.

Видеото се уште не е готово, како ни фотографиите од првите снимања, а веќе се „шушка“ дека Боуви ќе се појави со пијано во екцентрична облека.

Видеото е снимено летово во Венеција и се очекува да се промовира на крајот на годинава.

За Луј Витон не е првпат да вклучува рок-ѕвезди во своите кампањи. Во изминатите години како заштитни лица на Витон ги видовме Мадона, Кени Вест, Кит Ричардс и Боно. Во кампањите на Луј Витон до сега сме виделе и други славни лица како Џон Траволта, Ума Турман и Џенифер Лопез.

На самиот Боуви не му е туѓа модната индустрија, не само поради неговата сопруга Иман (55) која беше една од најпрочуените модели во светот. Славниот Жан Пол Готје лансираше цела линија инспирирана од стилот на Боуви, а највпечатливата гардероба на Боуви беше изложени во музејот Викторија и Алберт предизвикувајќи голем интерес во јавноста.

А отворената љубов на Дејвид Боуви и Луј Витон не е непозната меѓу познавачите на модата. Во новиот спот за синглот The Stars Are Out рок-ѕвездата носеше Луј Витон облека.

Деновиве и Твитер е жежок од коментарите на фановите на Боуви кои не можат да ги скријат воодушевувањата од најавената соработка.

x

Check Also

Збогум на дизајнерот на чевли, Серџо Роси

Италијанскиот дизајнер на чевли Серџо Роси почина на 85 годишна возраст. Позитивен ...