Легендарниот фустан на Мерилин Монро продаден за 4,8 милиони долари

Легендарниот светликав фустан кој Мерилин Монро го носеше на роденденската прослава на Џон Кенеди е продаден за 4,8 милиони долари.

me1

Иако фустанот се проценуваше на околу 2 милиони долари, продажната цена порасна за повеќе од двојно. Фустанот е украсен со 2.500 „сваровски“ кристалчиња и бил толку тесен што глумицата не можела ништо друго да носи под него, а самиот фустан го носела само неколку минути односно додека ја пеела роденденската песна на бината во далечната 1962 година.

Мерилин Монро почина само три месеци откако се појави во овој спектакуларен фустан.

x

Check Also

Моника Белучи блеска во новата кампања на Долче и Габана

Три италијански убавици од различни генерации – Моника Белучи, Бјанка Балти и ...