Лејди Гага и Бредли Купер заедно на фестивалот Гластонбери

Најзборуваниот пар на годината, Лејди Гага и Бредли Купер, ѕвездите од филмот „Ѕвездата е родена“, ќе се појават заедно на познатиот фестивал Гластонбери.

Глумецот Бредли Купер и пејачката Лејди Гага треба да настапат заедно на британскиот Гластонбери фестивал со гитовите од филмот “A Star Is Born”.  Според британските таблоиди, двете ѕвезди, по прекинувањата на врските со нивните партнери, треба да блеснат на сцената посилни од било-кога. Иако Лејди Гага ги демантираше гласините дека таа е причината за растурањето на врската меѓу топ моделот Ирина Шаик и Бредли Купер, нејзините фанови и понатаму сметаат дека меѓу глумецот и пејачката има нешто повеќе од пријателство.

Последен пат ги видовме глумецот и пејачката заедно на ноќта на Оскарите, а хемијата меѓу двајцата, според публиката, била очигледна.

Гластонбери фестивалот ќе се случува од 28 до 30 јуни.

x

Check Also

Меган Маркл ја претстави својата хуманитарна колекција

По породилното отсуство, Меган Маркл се врати на должност – во лондонската ...