Лејди Гага има нова љубов, среќникот е музички инженер

Изгледа дека Лејди Гага има ново момче. Речиси 6 месеци по прекинувањето на врската со вереникот Кристијан Карино, 33-годишната пејачка е фотографирана како се бакнува со новото момче, на балкон во Лос Анџелес. Среќникот е Дан Хортон, инженер на звук, кој работи со пејачката.

Според фотографиите објавени во списанието „Пипл“ двојката убаво се забавува.

37-годишниот Хортон работи за Гага од минатиот ноември, а во неговата деловна биографија стојат и соработките со Камила Кабело, Бруно Марс и Џастин Тимберлејк. Бил во брак со глумицата Отом Гузарди од 2013 до 2016 година. Гага пак, по двегодишна врска со Кристијан Карино, го напушти Карино минатиот февруари. Таа тогаш објасни дека „врската веќе не функционира“.

x

Check Also

Ангелите на Викторија сикрет вака ја најавија новата колекција

Victoria’s Secret лансираше жешка кампања најавувајќи ја новата колекција на долна облека ...